Gülbin Yıldırım
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателските избори во САД кои ќе се одржат во вторник, на 8 ноември, ќе бидат исклучително важни како од политички, така и од економски аспект. Всушност, тие ќе ја одредат иднината на најголемата светска економија, јавува Anadolu Agency (AA).
Доколку биде избран републиканскиот кандидат и бизнисмен Доналд Трамп ќе дојде до радикални промени во економијата, а доколку биде избрана претставничката на демократите, поранешната министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, ќе биде задржан статус кво, односно постоечката состојба во земјата.
Имено, Клинтон предлага продолжување на политиките на администрацијата на Обама фокусирани на средната класа, додека Трамп има намера да воведе значителни промени за да „Америка ја направи повторно голема." Токму спротивен став кога е во прашање политиката на кандидатите укажува на тоа дека резултатите од изборите ќе имаат клучна улога како во економијата на САД така и на светот.
- Богатите на мета на даночниот план на Клинтон
Даночните реформи на политиката на Клинтон и Трамп сигурно долгорочно ќе влијаат на економијата на САД. Клинтон смета дека за праведен даночен систем е потребно богатите да плаќаат повеќе данок. Односно, таа предлага данокоит на оние кои годишно заработуваат пет или повеќе милиони долари да биде зголемен од 39,6 отсто на 43,6 отсто.
Според тоа, поранешната Прва дама на Белата куќа смета дека оние кои годишно заработуваат милион и повеќе долари треба да плаќаат данок во износ од најмалку 30 отсто. Исто така, таа ветува низа промени во спречување на изместување на седиштето на американските компании надвор од земјата со цел избегнување на плаќањето данок.
Средствата добиени со даночните реформи Клинтон има намера да ги искористи за изградба на инфраструктура и поддршка на проекти за чиста енергија. Смета дека тоа би имало придонес на побрз раст на економијата и дека во десет години би имало придонес во вработувањата на повеќе од 10,4 милиони луѓе.
- Трамп сака да ги намали даноците
Од друга страна, Трамп смета дека намалувањето на даноците би ја оживеало економијата, односно дека даноците на добивка треба да се намалат од седум на три отсто.
Исто така, тој предлага дека даноците на институциите кои сега изнесуваат 35 отсто да бидат намалени на 15 отсто. На тој начин би било спречено изместување на американските компании во кои данокот е понизок, односно враќање на одредени компании во САД.
Центарот за даночна политика смета дека реформата на Клинтон во наредните десет години би донела 1,1 билиони долари, додека реформата на Трамп би донела загува од 9,6 билиони долари. Трамп појаснува дека разликата би ја покрил со економски раст, но даночните експерти сметаат дека тоа не е возможно. Во согласност со тоа, се појавуваат наводите дека политиката на Трамп би можела да предизвика нова финансиска криза.
- Промени во трговијата со САД
Клинтон најави дека ќе ги поддржи оние трговски договори кои донесуваат вработување на поголем број на луѓе и кои ќе донесат високи приходи. Трамп има популистички предлози за откажување на сите договори кои се на сила или за кои се водат преговори.
Клинтон го смени мислењето за Транспацифичко партнерство (ТПП) и не нема намера да го поддржува бидејќи истекува како последен облик на договорот кој и е понуден на јавноста не ги задоволува нејзините критериуми.
Трам е против ТПП но и Трансатланскиот трговски договор (ТТИП). Покрај тоа, Трамп Северноамериканскиот договор за слободна трговија кој го потпиша сопругот на Хилари Клинтон, Бил Клинтон, го нарече „ најлошиот договор кој САД го потпишал."
Тој има намера да го укине овој договор.
- Клинтон сака да ги зголеми финансискте регулации, а Трамп да ги намали -
Финансискире регулации се само уште еден од примерите на спротивни политики на кандидатите. Клинтон сака да ги сочува и да ги развие финансиските регулации како што е „Дод-Франковиот закон за банкарски реформи", кој на сила стапи по финансиската криза 2007-2008 година. Трамп има намера да го укине законот „Дод-Франк", што би значело укинување на Кабинетот за заштита на финансиските права на потрошувачите, Советот за надзор за финансиска стабилност и Федералниот завод за осигурување.
- Клинтон за минимален надомест предлага 12, а Трамп 10 долари
Клинтон предлага минималниот износ на федералната саатнина да биде 12 долари, наместо 7,50 колку што е сега. Трамп има спротивни изјави кога е во прашање оваа тема, но неговиот последен став е дека минималниот износ треба да биде зголемен за десет долари.