?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Поранешниот француски претседател Никола Саркози повика на промени во француската политика кон Сирија посочувајќи дека неговата земја би можела да почне да работи со Русија за "уништување" на терористичката организација Даеш, јавува Anadolu Agency.
Лидерот на конзервативците во Франција во пресрет на средбата со претседателот на државата Франсоа Оланд изјави дека "ние треба сите", додавајќи дека "не може да има две коалиции во Сирија".
Франција е дел од коалицијата предводена од САД во борбата против терористичките организации Даеш и учествува во воздушните напади врз позициите на Даеш во Сирија и Ирак скоро година дена.
Саркози изјави дека силните безбедносни мерки мора да ги заштитат не само учесниците на престојниот самит на ОН за климатските промени во Париз, туку и францускиот народ. На самитот во Париз кој ќе се одржи на 30 ноември се очекува да присуствуваат 127 светски лидери.
Оланд денеска во Париз се состана со лидерите на француската опозиција, вклучувајќи ја и ултрадесничарската од Националниот фронт Марин Ле Пен, како би разговарале за безбедносната ситуација по терористичките напади во петоко навечер во кој загинаа 129 лица, а 352 беа повредени.