Dzihat Aliju
21 Септември 2026•Ажурирано: 21 Септември 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Министерството, на средбата е потпишан Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што се создава дополнителна институционална рамка за продлабочување на политичкиот дијалог и редовната комуникација меѓу двете земји.
„Соговорниците изразија заемен интерес за натамошно зајакнување на билатералните односи и идентификување нови области од заеднички интерес“, се вели во соопштението.
Според Министерството, станало збор за меѓусебната поддршка и координација во рамки на мултилатералните организации, како значаен сегмент од соработката меѓу двете земји.
„Беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални случувања, при што беше нагласено значењето на дипломатијата, редовната комуникација и соработката во справувањето со заедничките предизвици“, стои во соопштението.