????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
Словенија (АА) - Словенечката армија рано изутрина почна со поставување на жичена ограда долж границата со Хрватска со цел за подобра контрола на влезот на мигрантите во земјата, јавува Anadolu Agency.
Оградата беше подигната во близина на граничниот премин во општината Разкрижје и во близина на селата Ригонце на подрачјето на општината Брежице. Новинар на Anadolu Agency сними поставување на жичената ограда во близина на селото Разкрижје, во близина на граничниот премин Гибина.
Во исто време, словенечката полиција соопшти дека официјалните гранични премини со Хрватска се отворени.
Поставувањето на техничките бариери меѓу Словенија и Хрватска во вторникот го најави словенечкиот премиер Миро Церар, посочувајчи дека поставување на техничките бариери не значи затворање на словенечката граница.
"Повторувам дека Словенија не ја затвора границата, ова само ќе го спречи неконтролираното влегување на бегалците во земјата", рече Церар.
Словенечката влада во понеделникот вечерта одржа вонредна седница на која беше донесена политичка одлука за преземање на итни мерки во врска со новиот бран на мигранти.
Според информациите на Владата, према Грција се движи група од околу 30.000 мигранти од Блискиот и Средниот Исток која ќе ја предводи "Балканската маршрута", која поминува низ Словенија, во обид да стигнат до Западна Европа.