Besar Ademi
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски се сретна со својот хрватски колега, Ранко Остојиќ, каде што разговараа за заедничките предизвици на Република Македонија и Хрвтска меѓу кои и за бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата се одржа со цел изнаоѓање решение како Македонија и Хрватска, вклучувајќи ги и другите земји од регионот, да се соочат со ризиците и предизвиците на бегалската и мигранстката криза, со луѓето кои доаѓаат од Блискиот Исток и Северна Африка.
Министерот Оливер Спасовски истакна дека бегалската и мигранската криза е сериозен проблем не само за Република Македонија и Република Хрватска, туку и за целиот регион и Европа. Врз основа на ова, тој додаде дека е потребна размена на идеи со цел да се најде заедничко решение за справување со оваа криза на најдобар можен начин.
„Навистина некои прашања со кои треба да се справиме во оваа криза се многу важни, ќе мора да се дефинира начинот на движење на мигрантите почнувајќи од главнататочка, па понатаму. Со заеднички став треба да одлучи на кои мигранти ќе им биде дозволено да влезат во сите точки во регионот, а на кои не”, истакна Спасовски.
За да се постигне ова, Спасовски бара размена на информации од регионот во процесот на нивно регистрирање, со цел да не ескалира ситуацијата со бегалската и мигрантската криза, која според него се развива од час во час.
„Ова мора да се постигне со меѓусебна координација, не само меѓу Министерството за внатрешни работи на Македонија и на Хрватска, туку треба да ги вклучи и сите министерства од регионот и делови од Европа. Заедничката комуникација и соработка ќе ги отфрли сите проблеми, затоа што оваа криза не се развива од ден на ден, туку се развива од час во час“, рече Спасовски.
Според зборовите на хрватскиот министер за внатрешни работи, Остојиќ, регистрацијата на бегалците е исклучително важна тема, затоа што сите земји низ кои поминува западнобалканската рута се членки на Интерпол. Тој потенцираше дека е потребна задничка соработка за справување со бегалската криза.
“Ние досега работевме секој за себе. Потребна е заедничка соработка и затоа еден модел кој го предложивме како тема на заеднички состанок, е Хрватска, која има можност, да ги обезбеди за Македонија сите уреди поврзани со базата кои се потребни за таква регистрација, ако така се договориме и со Грција, појасни хрватскиот министер за внатрешни работи” , рече Остојиќ, кажувајќи дека и двете земји треба да се залагаат да работат заеднички за квалитетни решенија.
“Хрватска е подготвена директно да и помогне на Македонија како со совети како да се решат прашањата за кампови, така и со опремување на времените прифатилишта. Како членка на ЕУ ќе се заложиме за квалитетно финансирање за сите оние земји кои ги имаат на рутата. Тоа ниту една земја не го може сама и тој терет мора заеднички да биде распореден” , истакна Остојиќ.