Fatma Esma Arslan
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро и неговиот ирски колега Чарлс Фланаган истакнаа дека сакаат да видат транспарентен процес во врска со излегувањето на Британија од Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Фланаган и Ајро одржаа заедничка прес-конференција по средбата во Министерството за надворешни работи на Франција.
Фланаган рече дека поминаа пет месеци од одлуката за повлекување на Британија од ЕУ (Брегзит) и сакаат да ги знаат деталите за планот што се однесува на Брекзит.
Тој истакна дека информирањето со детали за Брекзит има најголема важност за Ирска, и дека е неопходно да се знае со каков вид на акционен план работи Британија.
Од друга страна, Ајро истакна дека изгубеното време по Брегзит за сите се претвори во штетна неизвесност и ја истакна потребата преговорите за Брегзит да започнат колку штое можно поскоро. Тој исто така рече дека натамошното одлагање на процесот нема да биде од корист за никого.
Инаку, на референдумот кој се одржа на 23 јуни за повлекување на Британија од ЕУ, 52 отсто од гласачите гласаа за напуштање на Унијата.
По одлуката, британскиот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка, а на негово место беше именувана поранешната секретарка за внатрешни работи, Тереза Меј. Меј најави дека процесот за излез на Британија ќе започне пред крајот на март 2017 година, во согласност со Лисабонскиот договор.
Некои кругови претпоставуваат дека процесот, кој се споредува со „принуден развод“, ќе трае две години. Соодветно на тоа, се вели дека Британија официјално ќе се повлече од Унијата во март 2019 година.