Hüseyin Gazi Kaykı
15 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - За време на официјална посета на Анкара, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер беше одделно примен од страна турскиот премиер Бинали Јилдирим и претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Kaхраман, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со својот германски колега Штајнмаер, кој подоцна во седиштето на турската влада беше примен од премиерот Јилдирим.
Штајнмаер потоа го посети турскиот Парламент каде што беше шримен од страна на шефот на највисокиот законодавен дом на Турција, Кахраман.
„Драго ми дека Штајнмаер е во посета на Анкара. Ние сме две земји кои го негуваат историскиот сојуз и пријателство. Меѓу нашиот народ постои силна емотивна врска", изјави шефот на турскиот парламент Kaхраман.
Штајнмаер ја посети зградата на турскиот Парламент која беше бомбардирана за време на неуспешниот обид за воен удар извршен од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули.
„Ова важно место, оваa демократска институција беше под голема закана за опстанокот ноќта на 15 јули. Ние го осудуваме обидот за државен удар и изразуваме сочувство за жртвите од таа ноќ", рече Штајнмаер.
При посетата на Анкара, Штајнмаер треба да биде примен и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.