Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ДЕТРОИТ (АА) - Компанијата „Ford“ (Форд) објави дека повлекува 1,3 милиони возила во Северна Америка, поради потенцијален проблем со вратите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од „Ford“ денес соопштија дека некои возила имаат заоблен или искривен мобилен кабел, поради кој вратата може да не се отвора или затвора.
Доколку сопствениците на возилото можат да ги отворат и да ги затворат таквите врати, тие може да изгледаат дека се затворени, но резето од бравата во потполност нема да може да се совпадне, што го зголемува ризикот од повреди.
Компанијата соопшти дека засега нема информации дека проблемот со вратите предизвикал повреда или некоја несреќа. Тие додаваат дека повлекувањето ги вклучува моделите „Ford F-150“, произведени од 2015 до 2017 година, и „Ford Super Duty“ од 2017 година.