Mohammed Sameai,Safiye Karabacak
30 Декември 2024•Ажурирај: 31 Декември 2024
АДЕН (АА) - Новинарскиот синдикат на Јемен вчера објави дека Ал-Каеда убија 11 луѓе, вклучувајќи го и новинарот Мохамед Ал-Макри, кого терористичката органзиација го киднапираше пред повеќе од 9 години, известува Анадолу.
„Новинарот Мохамед Ал-Макри, кого Ал-Каеда го киднапираше на 12. октомври 2015 година е меѓу 11 лица убиени во терористички напад насочен кон бројни цивили“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека Ал-Каеда ги обвинила жртвите за шпионираше на муџахедините и дека поради тоа погубени.
Синдикатот ги повика надлежните органи да го истражат злосторството, да ги гонат сторителите, да го пронајдат телото на новинарот и да им го предатат на семејството.
Членовите на Ал-Каеда го киднапираа Ал-Макри бидејќи известувал за протестите против оваа терористичка група во Мукали, град во јеменската провинција Хадрамаут.
Смртта на новинарот повторно иницираше повици за правда и одговорност за злосторствата над медиумските професионалци во зоната на судири.