Burak Bir
08 Мај 2026•Ажурирај: 08 Мај 2026
Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја класифицираа појавата на хантавирусот како вонреден одговор од „Ниво 3“, што претставува најниско ниво на активирање за итни случаи, објави „Еј-би-си њуз“, пренесува Анадолу.
Иако овој потег укажува на тоа дека ризикот за пошироката јавност останува низок, јавната здравствена агенција активно ја следи ситуацијата.
Активирањето на центрите за итни операции значи дека е формиран тим за итни случаи за да поддржи соодветен одговор.
Глобалните здравствени власти работат на сузбивање на појавата на хантавирус на крузерот „МВ Хондиус“.
Според претставници на Светската здравствена организација, „во појавата на вирусот - во кој е вклучен сојот андес на хантавирусот - досега има пет потврдени случаи, три сомнителни инфекции и три смртни случаи меѓу патниците поврзани со ова патување“.
Крузерот „МВ Хондиус“, кој превезувал приближно 150 патници и членови на екипажот од 23 националности, испловил од Аргентина и го преминал Атлантикот пред да пријави кластер на респираторни заболувања додека пловел во близина на Зелен 'Рт (Капе Верде).