Hasan Esen,Ahmet Dursun,Yusuf Özcan
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот медиум „Би-би- си" (BBC) не го користи изразот „терористички напад“ за масакрот во кој животот го загубија 49 муслимани во Нов Зеланд, додека весникот „Дејли Мирор" (Daily Mirror) терористот го нарече како „дете-ангел“ и објави една фотографија од неговото детство, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои британски медиуми во нивните вести во врска со терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, преферираа да користат различен речник во однос на терористичките напади во Европа.
Истакнатите медиуми во светот обично во насловите на вестите околу овој напад го користеа изразот „терористички напад“, но „Би-би-си" своите вести во врска со овој напад ги објави само со наслов како „оружен напад“ или „напад врз џамија во Нов Зеланд“.
„Би-би-си" за нападот во Лондон извршен на 22 март во 2017 година во кој загинаа 56 лица, го користеше изразот „тероризам“, но привлече реакции што не го користи тој израз за масакрот во кој загинаа 49 муслимани.
- Реакции против „Би-би-си"
Амбасадорот на Иран во Лондон, Хамид Баидинеџад, на својот профил во социјалните мрежи напиша: „Раководителите на Би-би-си нападот со нож во Лондон го сметаат за терористички напад, но масакрот во Нов Зеланд е само напад“.
Министерот за човекови права на Пакистан,Ширин Мезари, во објава на својот твитер-профил истакна: „Моментално го следам Би-Би-Си, и шокиран сум што новинарот на Би-би-си во Австралија во својата вест во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд не го користи изразот 'тероризам'. Наместо на тоа велат масовно убиство! Ужасно. Иако е многу јасно дека е терористички напад, зошто избегнуваат да го користат изразот 'тероризам'?“.
Од друга страна, поранешниот уредник на „Би-би-си", Рифат Џаваид, исто така реагираше против овој британски медиум.
„Како поранешен уредник на Би-би-си, на неверојатен начин сум разочаран од вашите пристрасни објави. И покрај што премиерите на Нов Зеланд и Австралија за нападите изјавија дека се терористички, тие напади за вашата телевизија и вашите уредници се само напад врз џамија! Срамно“, рече Џаваид
- „Дејли Мирор" терористот го нарече „дете-ангел“
Исто така, еден друг британски медиум кој привлече реакции беше весникот „Дејли Мирор".
Овој весник во својата вест со наслов „напад во џамии“, ја користеше фотографијата на терористот додек бил дете, додека за Брентон Тарант го користеше изразот „дете-ангел кој се претвори во демонски екстремно десничарски убиец“.
Во веста како извор се покажани изјавите на неговите поранешни пријатели, а се тврди дека терористот бил „љубезен личен тренер кој давал бесплатни спортски програми за деца“, но дека „патувањата кои ги имал во последните години, менувале нешто кај него“.
Се вели дека иако овој весник го користи изразот „тероризам“ за овој масакр, весникот се обиде да го искриви случајот објавувајќи фотографија од детството на терористот.
Твитер корисникот Мар Веин потсети дека истиот весник сторителот на терористичкиот напад во ноќен клуб во САД го нарече како „манијак на ДЕАШ“, и укажа на разликата меѓу двате случаи.
Еден друг твитер корисник, Адам Вокер, напиша дека овој весник е далеку од етичките вредности, додека Џејмс Матер укажа на разликата, и рече: „Западниот медиум е пример за институционален расизам. Во овој пример, Дејли Мирор е во многу полоша состојба од најлошите меѓу нив“.
Читателите реагираа против овој весник со изразите како срамно, ужасно, злогласен весник, злогласни уредници, одвратен.
- Исто и француските медиуми нападот не го нарекоа „терористички“
Најистакнатите весници во Франција кои го користи изразот „тероризам“ за нападите кои се случија во оваа земја, избегнуваа да го користат овој израз во своите вест во врска со Нов Зеланд.
Весникот „Ле Фигаро" (Le Figaro) нападот на 13 ноември во 2015 година во Париз во кој загинаа 130 лица, го нарече како „терористички напад“, додека масакрот врз муслиманите во џамиите во Нов Зеланд не го сметаше за терористички напад.
Исто и весникот „Le Parisien“, во вестите во врска со нападот во Нов Зеланд не го користи изразот терористички напад.
„France Info" нападите кои се случија во изминатите години во земјата ги нарече како терористички напади, но привлече внимание што овој напад не го нарече така.