Ekip?
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА)- Бетина Кудла, пратеничка од партијата за Хрстијанско-демократска обединетост (ХДО), беше единствената со негативен глас во изгласувањето на предлог резолуцијата во Германскиот Федерален Парламент. Таа изјави дека оценувањето на историјата на туѓи држави не претставува должност на германскиот парламент, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Давањето проценка за настани од историјата на други држави не треба да претставува предмет на германскиот парламент. Истите треба да бидат разгледувани од директно засегнатите страни, во случајот Република Турција. Резолуцијата за геноцид беше усвоена без приказ на историските извори”, е дел од писмената изјава на Кудла на нејзиниот приватен интернет портал.
„Одлуката беше усвоена од страна на Собранието, притоа не водејќи сметка какви политички и финансиски проблеми ќе се изродат од истата. Оваа одлука ќе им наштети и на односите со Република Турција. Ќе дојде до отежнато спроведување на договорот за барателите на азил склучен меѓу Германија и Турција. Ова ќе создаде тажна состојба поради тешкото изнаоѓање на заеднички решенија во Европа во однос на барателите на азил и бегалците. Во состојба на нарушување на тешко постигнатиот договор со Турција, освен многуте проблеми од хуманитарен аспект, во иднина е можно на виделина да излезат и дополнителни трошоци за Германија”, истакнува Кудла.
Во донесената одлука, според Кудла, била спомената и улогата на поранешното Германско Царство во настаните, но не било наведено во што се состоела истата. Како што наведува Кудла, германскиот законодавен дом досега бил свесен и сведок за многу масакри до ден денешен, меѓутоа и покрај сите напори на Германија, масакрот во Сирија не е спречен.