Aida Cako
19 Август 2025•Ажурирај: 20 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Демонстранти се собраа во Вашингтон на протест барајќи повлекување на Националната гарда и федералните имиграциони агенти од градот, јавува Анадолу.
Протестот се одржа како реакција на федералната одлука со која полицијата во Вашингтон беше ставена под национална контрола, а истовремено беше зголемено присуството на федерални безбедносни сили во главниот град.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди распоредување на припадници на Националната гарда во Вашингтон поради безбедносната состојба во градот. На ваквиот потег се противеше и градоначалникот на главниот град на САД, Мјуриел Баузер, истакнувајќи дека криминалот во градот е на најниско ниво во последните неколку децении.