Sinan Doğan
06 Септември 2025•Ажурирај: 10 Септември 2025
БОГОТА (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, во врска со можната воена интервенција на САД врз неговата земја, изјави: „Доколку Венецуела биде нападната, ќе влезе во фаза на вооружена борба“, известува Анадолу.
На состанокот со воените команданти во главниот град Каракас, Мадуро одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп: „Ќе ги собориме вашите авиони.“
Мадуро рече: „Моментално сме во фаза на невооружена борба. Ова е политичка, комуникациска и институционална фаза. Доколку Венецуела биде нападната, ќе влезе во фаза на вооружена борба.“
Нагласувајќи дека неговата земја е во период на мобилизација, Мадуро продолжи со зборовите:
„Ние сме за мир, но сме и нација на воини. Никој не може да нè пороби, ниту денес ниту во иднина. САД мора да ги напуштат своите планови за насилна промена на режимот во Венецуела. Доколку се случи напад, нашиот народ ќе влезе во фаза на вооружена борба, планирана и организирана на национално, локално и регионално ниво.“
Претседателот Мадуро нагласи дека тие секогаш се отворени за дијалог и преговори, под услов да му се укаже почит кон венецуелскиот народ.
Осврнувајќи се на воената активност на САД во Карибите, Мадуро рече: „Територијалните води на Венецуела во Карибите им припаѓаат на народот. Заговорите, заканите, државните удари и интервенциите не смеат да се вратат во Карибите и Јужна Америка“.
Истакнувајќи дека Национални вооружени сили извојувале големи победи против банди и колумбиски платеници кои поттикнуваат насилство, Мадуро рече дека тие секогаш се подготвени да ја бранат честа и достоинството на венецуелскиот народ.
Американскиот претседател Трамп реагираше на два венецуелски воени авиони кои летаа во близина на американски воен брод, велејќи: „Ако нè доведат во опасна ситуација, тие авиони ќе бидат соборени“.
На прашањето што мисли за венецуелските воени авиони што летаат во близина на американските поморски средства, Трамп одговори:
„Според мене, ќе бидат во неволја. Тоа им го кажуваме. Ако летаат во опасна позиција, нашите капетани сами ќе одлучат што сакаат да направат“.