Necva Taştan Sevinç
23 Јули 2026•Ажурирано: 23 Јули 2026
Европската Унија (ЕУ) денес постигна согласност за својот 21. пакет санкции за Русија, со цел заострување на ограничувањата за нејзиниот банкарски сектор и зголемување на притисокот врз нејзината нафтена и гасна индустрија, јавува Анадолу.
„Ја поздравувам согласноста за 21. пакет санкции за Русија. Во време кога Украина изгради воен импулс, нашите санкции продолжуваат да ги ослабуваат економските темели на воените напори на Русија“, порача претседателката на Европската комисија преку американската платформа за социјални медиуми X.
Со пакетот се додадени 32 руски банки на списокот на ЕУ за забрана за трансакции и воведува мерки насочени кон компаниите за криптовалути и платформите за тргување со нафта, рече Фон дер Лајен.
Блокот, исто така, ќе го замрзне приспособувањето на руското ограничување на цената на нафтата за една година за да се спречи Москва да има корист од пазарните шокови.
Првпат ЕУ во рамките на санкциите ги вклучува и бродовите што ѝ помагаат на таканаречената флота во сенка на Русија, додаде таа.
Фон дер Лајен рече дека блокот, исто така, направил „важен чекор“ кон формална забрана за влез на руски борци во ЕУ.