Ikrame Imane Kouachi
19 Септември 2025•Ажурирај: 20 Септември 2025
ГАЗА/АНКАРА(АА) - Израелската армија денес ослободи деветмина Палестинци од Појасот Газа кои изгледаа исцрпени по месеци притвор во сурови услови, јавува Анадолу.
Медицински извори за Анадолу изјавија дека ослободените притвореници биле однесени во болницата „Ал-Акса“ во централна Газа на медицински преглед по нивното ослободување преку контролниот пункт Кисуфим југоисточно од централната губернија.
Возилата на Црвениот крст обично ги транспортираат Палестинците ослободени од Израел до болниците во Појасот Газа, велат изворите. Некои од ослободените притвореници изгледале физички исцрпени и слаби по месеци поминати в затвор.
Иако не беа добиени директни изјави за условите за време на притворот, претходно ослободените затвореници пријавија дека страдале од неисхранетост и повреди предизвикани од тешка физичка тортура во израелските затвори.
Тие нагласија дека условите за притвор во израелските затвори и центри за испрашување не ги исполнуваат минималните стандарди за човекови права.
Одвреме-навреме Израел ослободува палестински притвореници што биле држени за време на тековната геноцидна кампања што ја спроведува во Газа речиси две години.
Претходните изјави од Палестинското здружение на затвореници покажаа дека илјадници жители на Газа биле притворени во строга тајност, а некои се и исчезнати.
Здружението додаде дека притворениците се подложени на сурови и застрашувачки услови на притвор, со цел да се нанесе максимална штета.
Од 7 октомври 2023 година Израел извршува геноцидни напади врз Газа, при што се убиени повеќе од 65.100 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Стотици илјади се раселени, а гладот одзеде животи на најмалку 435 Палестинци, меѓу кои 147 деца.