Tolga Akbaba
08 Јуни 2026•Ажурирано: 08 Јуни 2026
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека „на разнишаниот ционистички режим му остануваат уште неколку дена“, во екот на ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел, јавува Анадолу.
Иран започна неколку ракетни напади кон Северен Израел доцна синоќа по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут.
Потоа Израел започна напади врз Западен и Централен Иран, при што беа пријавени експлозии во неколку ирански градови, меѓу кои и Техеран, Исфахан и Тебриз.