Burç Eruygur
16 Април 2026•Ажурирај: 16 Април 2026
Кремљ денес соопшти дека Русија научила како да го намали влијанието на санкциите наметнати врз земјата, јавува Анадолу.
Коментирајќи ја најавата на американскиот министер за финансии Скот Бесент од вчера дека Вашингтон нема да ги олесни санкциите во врска со руската нафта, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека тоа е „предвидливо“ и „можно“ сценарио.
„Живееме под притисокот на санкциите со месеци и години и веќе научивме да дејствуваме на начин што ги намалува последиците од таквите мерки за нашите интереси“, изјави Песков.
Минатиот месец САД објавија дека привремено го одобриле купувањето руска нафта што веќе била заглавена на море, во обид да ги стабилизираат глобалните енергетски пазари.
Тогаш Бесент го опиша овој потег како „краткорочна мерка“ што се однесува само на нафтата што веќе е во транзит.
Исклучокот на Министерството за финансии, со кој беше дозволено купување нафта на море, започна на 12 март и заврши на 11 април.