Ekipa
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
ИДЛИБ/АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари во подрачјето на Африн, северна Сирија, денес ослободија уште три села, односно вкупно осум села во текот на денешниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили и Слободната сириска војска со новите акции од терористите ги ослободија селата Умран, Мејдан Екбез и Бендирек и продолжија со напредувањето од различни правци кон Африн.
Репортерите на АА од теренот јавуваат дека селото Умрани припаѓа на подрчјето на Шаран, североисточно од центарот на Африн, а Мејдан Екбез и Бендирек Булбул се наоѓаат северозападно од градот Африн.
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија вкупно 112 стратешки точки, вклучувајќи еден град, 90 села, 20 стратешки планини или ридови и база која ја користеле терористите на ЈПГ/ПКК.
Во операцијата досега се неутрализирани вкупно 2.021 терорист.
Операцијата се спроведува во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.