Burç Eruygur
30 Април 2026•Ажурирај: 30 Април 2026
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес ја доведе во прашање способноста на САД да обезбедат „ефикасно“ посредување во „сите ситуации“, јавува Анадолу.
„Нелогично е да се очекува дека земја што киднапира претседатели и започнува вакви конфликти може да дејствува како ефикасен посредник во сите ситуации“, рече Медведев, кој беше и претседател на Русија, на еден едукативен форум во Москва.
Неговите изјави се однесуваат на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили во јануари.
Мадуро и неговата сопруга беа пренесени во Њујорк, а подоцна се појавија на суд под обвинение за трговија со дрога. И двајцата се изјаснија за невини.
Медведев ги даде коментарите како одговор на прашањето дали САД во моментов ја исполнуваат улогата на посредник во решавањето на сложените конфликти, велејќи дека е „малку веројатно дека со таква улога лесно би се справиле“.
Тој додаде дека не може да се негира оти „барем“ актуелната администрација на претседателот Доналд Трамп „се обидува да направи нешто во таа насока“.
Медведев, исто така, ја критикуваше администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, тврдејќи дека таа едноставно ја поттикнала војната и максимално го финансирала конфликтот.