Bahattin Gönültaş
21 Јули 2025•Ажурирај: 28 Јули 2025
БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ ќе повлече приближно 223.000 комерцијални возила низ светот поради проблеми со воздушните перничиња, известува Анадолу.
Според веста објавена на веб-страницата на Германската федерална агенција за моторни возила, „Мерцедес-Бенц“ ќе повлече 223.000 возила низ светот, од кои 60.246 во Германија.
Во објавата се наведува дека патниците во моделите на комбињата „виано“ и „вито“, произведени во периодот од декември 2002 до февруари 2006 година, би можеле да бидат засегнати „во случај на сообраќајна несреќа при која би се активирале воздушните перничиња“.
Во вестите објавени во германските медиуми се вели дека „при активирање на воздушните перничиња во случај на сообраќајна несреќа, генераторот за гас би можел да експлодира“ кај овие возила и во таков случај воздушните перничиња повеќе не би осигуриле безбедност и би можеле да доведат до повреда на патниците поради излетување на парчиња од генераторот на гас.