Emre Gürkan Abay
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, изјави дека значајно напредувале подготовките за престојниот Конгрес за сирискиот национален дијалог кој ќе се одржи во рускиот Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова ниво на подготовки го постигнавме со помош и вложените напори на Русија, Турција и Иран“, изјави Лавров пред состанокот во Москва со иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф.
Тој истакна дека благодарејќи на иницијативите, кои минатата година во Астана ги предложиле претставниците на Русија, Турција и Иран, и самите мировни преговори во Женева добиле значење.
Зариф нагласи дека иранските власти се одлучни да соработуваат со Русија и Турција со цел постигнување на политичко решение во војната во Сирија.
„Одлучни сме да продолжиме да соработуваме со нашите колеги од Турција и Русија за со Конгресот за сирискиот национален дијалог да дојдеме до политичко решение“, изјави иранскиот шеф на дипломатија.
Во заедничкото соопштение на Турција, Иран и Русија, објавено претходно, искажана е силна поддршка за оддржување на Конгресот во Сочи меѓу режимот на Башар ал Асад и опозицијата.
Лавров претходно истакна дека на престојниот Конгрес за сириски национален дијалог би можеле да учестуваат речиси 1.700 лица.