İlayda Çakırtekin
14 Август 2026•Ажурирано: 14 Август 2026
Петнаесетгодишно момче вчера беше обвинето во Франција за пожарот во Мерињак, во близина на аеродромот во Бордо, во кој минатиот месец загинаа двајца пожарникари, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Тинејџерот бил изнесен пред судија, обвинет и сместен во затворен образовен центар, објави телевизијата БФМТВ.
Тој и неговиот 22-годишен брат биле приведени и задржани во полициски притвор во врска со пожарот. Постариот брат, кој беше приведен во средата, бил ослободен откако тинејџерот презел одговорност за предизвикување на пожарот.
Пожарот, според наводите, бил предизвикан од догорче од цигара што го фрлил 15-годишникот, објави францускиот дневен весник „Суд Уест“.
Според наводите, браќата застанале во областа и пушеле цигари, при што постариот брат ја изгаснал цигарата на паркингот, додека тинејџерот, наводно, ја фрлил на тревата во близина, предизвикувајќи го пожарот.
Двајца пожарникари загинаа на 21 јули додека гаснеа пожар во објект во Мерињак откако нивното возило за итни случаи било заробено од пламените јазици.
Потоа Обвинителството во Бордо отвори истрага за околностите на инцидентот и причината за пожарот.