İlayda Çakırtekin
17 Септември 2026•Ажурирано: 17 Септември 2026
Полската гранична служба објави планови за поставување електронски безбедносен систем што ќе опфати повеќе од 100 километри од границата со Украина, објави денес телевизискиот канал ТВП Ворлд, пренесува Анадолу.
Заменичката-командант на граничната служба, Виолета Горжковска, вчера пред парламентарната комисија изјави дека системот ќе опфаќа технологија за надзор и детекција на движење, со што ќе се дополнат постојните физички бариери.
Како што се наведува, опремата ќе биде финансирана од ЕУ.
Горжковска истакна дека новиот електронски систем ќе покрива вкупно 112 километри од границата.
Полските власти, исто така, планираат да ја зајакнат заштитата на границите со Белорусија и Русија, вклучително и преку поставување дополнителни набљудувачки кули опремени со технологија за надзор и откривање дронови.
Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски денес, исто така, се осврна на заканата што доаѓа од Русија.
„Европа долго време одбиваше да ја признае оваа реалност, но ние Полјаците, обликувани од нашето историско искуство, знаеме дека мора да се подготвиме“, изјави тој за ТВП Ворлд.