İdris Okuducu,Hemn Baban
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
ЕРБИЛ (АА) - Шефот на Канцеларијата за христијански прашања при Министерството за верски работи на Курдската самоуправа во северниот дел на Ирак, Халит Алберт. тврди дека поради меѓумесхебските судири и тероризмот, 80 отсто од хрисијаните го напуштиле Ирак од 2003 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во изминатите 12 години значително е намален бројот на христијанско население во Ирак, Најголем дел од христијаните, поради безбедносните закани морале да ги напуштат своите домови, посебно Мосул и да заминат во Европа. Проценуваме дека 80 отсто од христијанската популација го напуштила Ирак”, рече Алберт за АА.
Истакнувајќи дека 180.000 христијани го напуштиле Мосул кога контролата во тој град, пред две години, ја презеде ДАЕШ, Алберт рече дека тие луѓе пребегале во Киркук и Багдад, а третина од нив на патот кон Европа пребегале во Турција, Јордан и Либан.
Алберт додава дека во Мосул моментално живеат само 68 христијани, претежно постари луѓе и дека се приморани да плаќаат данок на ДАЕШ. Се наведува дека сиот христијански имот во Мосул е во рацете на ДАЕШ, а најголем дел од куќите кои ги напуштиле христијаните служат како воени објекти за терористите.
Осврнувајќи се и на состојбата во Ирак за време на режимот на Садам Хусеин, Алберт рече дека до окупацијата на Ирак во 2003 година во таа земја спокојно и среќно живееле 1,8 милиони христијани, а проблемите започнале со појавата на тероризмот и судирите помеѓу шиитите и сунитите.
„Оттогаш од Ирак заминаа 1,5 милиони христијани, претежно во земјите на Европа. Според податоците со кои располагаме, моментално во Ирак живеат до 300.000 христијани од кои најголем дел живеат во северната курдска покраина”, рече Алберт.
Ирак е средиште на повеќегодишна безбедносна и политичка криза која ескалираше во јуни 2014 година кога терористите на ДАЕШ го зазедоа вториот по големина ирачки град Мосул.