Ali H. M.Abo Rezeg
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
БАГДАД (АА) - Министерот за одбрана на Ирак, Ирфан ал-Хаја, се извини затоа што заробените припадници на терористичката организација ДЕАШ ги нарече воени затвореници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ал-Хаја во денешното објавено соопштение изрази жалење поради конфузијата предизвикана од неговиот говор за третманот на припадниците на ДЕАШ како воени затвореници.
„Припадниците на ДЕАШ се убијци и криминалци. Ова е терористичка организација и Конвенциите на ОН не се однесуваат на неа“, рече Ал-Хаја, додавајќи дека кон припадниците на ДЕАШ ќе се дејствува во согласност со законот на Ирак.
Ирачкиот министер минатата недела изјави дека припадниците на ДЕАШ кои биле заробени од страна на ирачките сили, ќе се третираат како воени затвореници.
Воениот експерт, Калил ал-Нуами, објасни дека припадниците на ДЕАШ според Женевската конвенција не се дефинираат како воени затвореници.
„Според Женевската конвенција, како воени затвореници се дефинираат лица кои се затворени за време на воени дејствија меѓу две земји, а не помеѓу држави и терористички организации“, рече Ал-Нуами за АА.
Ирачката армија во октомври минатата година започна голема офанзива за ослободување на Мосул, вториот по големина град во Ирак, кој припадниците на ДЕАШ го зазедоа во средината на 2014 година.
Во текот на овие судири ирачката армија зароби стотици терористи.