Aida Cako
14 Август 2025•Ажурирај: 14 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Руското Министерство за одбрана денес објави снимка од главниот борбен тенк Т-72Б3М кој, наводно, погодил украинско упориште во близина на Красноармејск, Русија, јавува Анадолу.
Министерството тврдеше дека позициите во областа биле обезбедени откако било уништено упориштето.
Т-72Б3М е модернизирана верзија на советскиот главен борбен тенк Т-72.
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да одржат состанок за војната меѓу Русија и Украина во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ на 15 август.
Тет-а-тет средбата ќе биде прва меѓу актуелни претседатели на Русија и САД од 2021 година, кога Путин се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден во Женева, Швајцарија.
Тоа, исто така, ќе биде и првпат руски претседател да стапне на територијата на Алјаска од 1867 година, кога Руското Царство му ја продаде областа на САД.