Elena Teslova
04 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
МОСКВА (АА) - Шефот на рускиот Федерален безбедносен сервис (FSS), Александар Бортников, соопшти дека руските сили со помош на Турција спречиле терористички напад во Санкт Петербург, јавува Anadolu Agency (AA).
Бортников во обраќањето на Меѓународната безбедносна конференција во Москва изјави дека терористичкиот напад бил спречен минатата година, а дека мета на нападот требало да бидат луѓето собрани на јавнот дочек на Новата година во Санкт Петербург.
„Нападот е спречен со помош на нашите турски партнери. Спасени се животите на неколку стотици лица. Тоа е пример за одговорна соработка во борбата против тероризмот“, изјави Бортников и потсети дека и Соединетите Американски Држави (САД) минатата година ја предупредиле Русија на можен терористички напад во Санкт Петербург.
Паралелно со тоа, пред присутните на конференцијата во Москва свое обраќање имаше и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој ја обвини коалицијата во Сирија, која ја предводат САД, дека спроведува сопствени економски интереси.
„Тешко е да се поверува дека најмоќната коалиција не може да излезе на крај со терористите. Изгледа дека целта е нешто друго, да се искористи ситуацијата за зголемување на економското и военото присуство во регионот“, изјави Шојгу.
Тој предупреди и на сè поголемите терористички закани во Азија и Европа, каде што доаѓаат терористи од Сирија и Либија.