Berk Kutay Gökmen
21 Април 2026•Ажурирај: 21 Април 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес рече дека Иран го прекршил „голем број пати“ прекинот на огнот постигнат пред две недели со САД, во период кога се очекува двете страни да одржат втора рунда преговори во Пакистан оваа недела, пренесува Анадолу.
„Иран го прекрши прекинот на огнот голем број пати!“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.
Непријателствата во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари. Како одговор на тоа, Техеран возврати со напади врз Израел и други регионални земји во кои се наоѓаат американски воени капацитети.
Пакистан беше домаќин на првата рунда мировни преговори на 11 и 12 април откако посредуваше за постигнување на 14-дневниот прекин на огнот на 8 април, кој треба да заврши утре (среда).
Претходно Трамп изјави дека е „многу малку веројатно“ дека ќе го продолжи прекинот на огнот.
Подготовките за втората рунда се во тек во Исламабад, но учеството на иранската страна останува неизвесно. Американската страна повторно ќе ја предводи потпретседателот Џ. Д. Венс.