Omar Alothmani,Safiye Karabacak
11 Септември 2025•Ажурирај: 12 Септември 2025
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека наводниот механизам за дистрибуција на помош раководена од Израел и САД го водат платени војници, вклучително и банди што непријателски се настроени кон муслиманите и дека тоа довело до смрт на најмалку 2.000 Палестинци, известува Анадолу.
УНРВА во објавата на својот профил на платформата за социјални медиуми на компанијата X, со седиште во САД, наведува дека сегашниот механизам за дистрибуција на помош во Појасот Газа го водат платени војници, вклучително и банди што непријателски се настроени кон муслиманите и дека тоа довело до смрт на најмалку 2.000 Палестинци.
Во соопштението се нагласува дека за справувањето со гладот во Газа е потребно осигурување безбеден, континуиран и сеопфатен пристап до оние на кои им е потребна помош, каде и да се.
„ОН, вклучително УНРВА и нејзините партнери, ги имаат потребните ресурси и експертиза. Дозволете ни да си ја завршиме нашата работа“, се вели во соопштението.
- Израелски напади врз Појасот Газа
Израелската армија ги продолжи своите жестоки напади утрото на 18 март, по прекинот на огнот во Појасот Газа што стапи на сила на 19 јануари.
Најмалку 64.718 Палестинци се убиени, а 163.859 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Од прекршувањето на прекинот на огнот на 18 март, Израел започна со нови напади врз Газа, убивајќи 12.170 Палестинци и повредувајќи 51.818.
Како резултат на систематските напади насочени кон Палестинците во дистрибутивните области воспоставени од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош, од 27 мај досега убиени се 2.465 Палестинци, а бројот на повредени изнесува 17.948.
Израелската армија започна со спроведување офанзивен план што ќе ја прошири и ќе ја направи трајна окупацијата на Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави окупација на целиот Појас Газа.