Övünç Kutlu
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Најголемиот светски интернет-видеосервис „Јутјуб“ наскоро на корисниците ќе им ја обезбеди услугата „Јутјуб ТВ“, со која ќе се овозможи пренос во живо на некои од најгледаните телевизиски канали, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од страна на „Јутјуб“ се наведува дека корисниците на овој сервис наскоро ќе можат неограничено да ги следат програмите на телевизиските канали „Еј-би-си“, „Си-би-ес“, „Фокс“, „Ен-би-си“, „И-ес-пи-ен“, како и многу регионални, спортски и кабелски телевизии.
Корисниците ќе можат да ја добијат услугата на „Јутјуб ТВ“ за месечна претплата од 35 долари.
Во соопштението се вели дека корисниците на услугата „Јутјуб ТВ“ ќе имаат пристап од компјутерите, таблетите и од паметните телефони, а без оглед на капацитетот од меморијата на уредот, ќе бидат во можност неограничено да ја снимаат гледаната програма.
„Јутјуб ТВ“ е приспособен на уредите што ги користат оперативните системи IOS и Андроид, како и за ТВ-уредите со опција Гугл Хромкаст.