Afra Aksoy
07 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
РАМАЛА (АА) - Грчката авиокомпанија "Aegean Airlines" се извини поради неделниот инцидент кога на барање на израелски евреи им било забрането на двајца Палестинци да влезат во авионот кој сообраќал на релација Атина-Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
Ослободителното движење на Палестина соопшти дека челникот на Управниот одбор на "Aegean Airlines" Димитрос Георганис, упатил извинување поради "расистичкиот однос" кон двајца патници Палестинци, кои обезбедувањето во неделата ги оддалечило од аеродромот во Атина, бидејќи израелски патници одбиле да патуваат со нив.
"Екипажот на авионот, час и половина безуспешно се обидувал да го реши проблемот со компромис. Го прифаќаме фактот дека барањето на група патници, двајцата Палестинци да се оддалечат од летот, беше неосновано. Таков случај претходно никогаш се нема случено во компанијата. Како компанија не одобруваме потези кои се во спротивност со начелата на нашето работење и можноста нашите вработени да применуваат дискриминација. Се извинуваме поради овој случај", се наведува во пораката од компанијата.
Од компанијата е најавено дека Георгианис денес во Атина ќе се сретне со тамошниот шеф на палестинската дипломатска мисија Мерван Тубаси.
Генералниот секретар на Ослободителното движење на Пакестина Саиб Урејкат, рече дека двајцата Палестинци не требало да бидат отстранети од летот, туку Израелците кои имале расистички барања.