Mohammad Murad Ahmad Abed,Gülşen Topçu
14 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната унија на муслиманските научници (IUMS) порача дека враќањето на Палестинците на окупираната земја не е прашање кое со тек на време може да застари и ги повика сите муслимани во светот да дадат поддршка за решавање на проблемот, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Накба или основањето на Израел, генералниот секретар на IUMS, Али Кара Даги, истакна дека Палестинците имаат неоспорно право да се вратат во своите домови, без разлика колку време поминало од нивниот прогон.
„Палестина е знаме кое собира различни страни. И 70 години по Накба, ние го обновуваме нашето ветување дека ќе се бориме за нашите права и нема да се согласиме да се предадеме“, рече Даги.
Меѓународната унија на муслиманските научници е организација која поврзува десетици илјади муслимански теолози и ја објаснува врската меѓу муслиманите кои припаѓаат на различни месхеби.
На денешен ден 1948 година на окупираната палестинска земја беше прогласена независноста на Израел. Така започна големиот прогон на Палестинците кој се одбележува секој 15 мај како Накба или Голема катастрофа.