Sayed Khodaberdi Sadat
21 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
МEЗАР-И-ШЕРИФ (АА) – Во воздушен напад извршен во покраината Кундуз, во северниот дел на Авганистан, неутрализирани се пет талибански милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот генерал во Кундуз, Мухамед Касим Џенгелбаг, во изјавата за АА ја потврди веста за смртта на петмина милитанти во месноста Имам Сахип, во воздушниот напад извршен со помош на безпилотно летало на силите на НАТО.
Џенгелбаг во својата изјава истакна дека при нападот од операцијата која е во тек, меѓу загинатите лица се наоѓа еден од важните команданти на организацијата.
Досега нема никаква изјава од страна на талибанците за последниот воздушен напад, кој е втор по само два дена, кога во месноста Дашт-е Арчи во Кундуз, беа убиени шестмина милитанти.