Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
КАБУЛ (АА) - Седумнаесет припадници на безбедносните сили го загубија животот во нападот извршен од страна на талибанските милитанти врз воената караула во подрачјето на Хоџа-и Гар, што се наоѓа во авганистанската североисточна покраина Тахар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Авганистан.
Во соопштението се вели дека милитантите извршиле напад врз воената караула во местото Тепе-и Хава Шинаси, кое се наоѓа во Хоџа-и Гар.
Според соопштението, како резултат на нападот загинале 17 припадници на безбедносните сили, додека двајца се повредени.
Се нагласува дека во судирот што се случил по нападот, талибанците претрпеле голема загуба на животи.
Талибанците сè уште не дадоа изјава во врска со случајот.