Mohammad Fahim Abed
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
КАБУЛ (АА) - Во тек на судирите помеѓу силите за безбедност и талибанците во местото Вардак во Авганистан, погодена е куќа во која загинале 12, а повредени се шест лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што изјави претставникот на локалната власт Шерифула Хотак, нападот се случил утринава, а меѓу загинатите има жени и деца. Додаде дека судирите и понатаму траат.
„Сè уште не знаееме чија беше ракетата, припадниците на силите за безбедност го истражуваат случајот“, додаде Хотак.
Еден од очевидците рече дека ракетата што ја погодила куќата припаѓа на авганистанските војници.