Sayed Khodaberdi Sadat
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
КАБУЛ (АА) - Авганистанските воздухопловни сили, во покраината Газне по грешка бомбардираа воена караула и притоа убија 8 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на провинцијата Газне, Ариф Нури, во изјавата за медиумите рече дека авганистанските воздухопловни сили, во местото Кагури, сместено во подрачјето на Газне, спровеле операција против талибанската организација.
Во изјавата, порпаролот Нури информираше дека во текот на операцијата воздухопловните сили бомбардирале воена караула, при што убиле 8 војници.
Нури соопшти дека во бомбардирањето се ранети и 4 војници, и додаде дека во тек е истрага за несреќата.
- Бомбашки напад, ранети 3 лица -
Од друга страна, во источниот дел на земјата, во градот Џалалабад, кој се наоѓа во авганистанската покраина Нангархар, извршен е бомбашки напад во кој се ранети 3 лица.
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА изјави дека во 2. зона на Џалалабад, од експлозијата на бомба поставена во полициско возило, ранети се 3 лица.
Хогјани соопшти дека двајца од повредените се цивили, додавајќи дека повредените се префрлени во болница.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.