Ekip
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека го зголемило бројот на припадници на безбедносните сили од 50.000 на 70.000, кои ќе обезбедуваат 21.000 избирачки места низ целата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентарните избори во Авганистан се одложени во покраините Кандахар и Газни, како и во 11 од 400 окрузи во земјата.
Наџип Даниш, портпарол на Министерството за внатрешни работи, без објаснување најави ангажирање на дополнителни сили.
Парламентарните избори во Авганистан се одржуваат денес, а во текот на предизборната кампања се случуваа чести бомбашки напади. Минатата недела на предизборен митинг во Такар, извршен е бомбашки напад во кој животот го загубија 22 лица. Слични напади во кои загинаа десетици лица се случија во Хелманд и Нангархар.
Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Авганистан (UNAMA), ја изрази својата загриженост поради обемот на насилство пред изборите во оваа земја.