Sayed Khodaiberdi Sadat
29 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
КАБУЛ
Најмалку 14 војници се убиени во напад кој талибанските милитанти го извршија на крајниот источен дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека талибанците извршиле оружен напад врз станицата на пограничните сили во областа Пактиа.
Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 14, а дека се ранети тројца војници.
Талибанското движење не го коментираше случајот.
Авганистан е повторно средиште на насилства откако по Рамазан бајрам на сила беше тридневното примирје.