Sayed Khodaiberdi Sadat
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти извршија напад со возило бомба во воениот камп во авганистанската покраина Хелманд, при што смртно настрадаа тројца безбедносни службеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Хелманд, Омер Зувак, во изјавата за медиумите нагласи дека милитантите извршиле напад со возило бомба во воениот камп во зоната Јахчал, што се наоѓа во подрачјето на Гиришк во Хелманд.
Зувак нагласи дека во нападот животот го загубиле тројца безбедносни службеници, а повредени се 6.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека во нападот загинале над 10 војници.