Ali Cura
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
МОСКВА (АА) - Во авионска несреќа којашто се случи во источниот руски регион Хабаровск, загинаа 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на руската новинска агенција ТАСС, станува збор за приватен авион од типот „L-4“, кој од непознати причини се урнал недалеку од центарот на Хабаровск.
Во тек е истрагата за причините за падот на авионот.