Sinan Doğan
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
БОГОТА (АА) - Најмалку 25 луѓе ги загубија животите во саботата, а 35 се повредени откако автобус со 60 патници падна од карпа во провалија во Перу, известува Агенција Анадолија (АА).
Тргнувајќи од северозападната провинција Талара, автобусот паднал во провалија во дистриктот Лос Органос.
Повредените патници се префрлени во регионалните болници. Во тек се акции за пребарување и спасување.
Луѓето што се наоѓале во автобусот наводно биле вработени во приватна компанија.