Ekipa
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ЛИСИЧАНСК (АА) - Како резултат на судирите во украинскиот град Лисичанск, оштетени се многу објекти, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимките што ги направи АА се гледа дека степенот на разореност на украинскиот град Лисичанск, кој се наоѓа во регионот Луганск, е голем.
Откако руските сили презедоа целосна контрола над градот Лисичанск, нападите се интензивираа врз украинските градови Краматорск и Дружкивка во областа Доњецк.
Како резултат на судирите во украинскиот град Лисичанск, оштетени се многу објекти. На снимките што ги направи АА се гледа дека степенот на разореност на украинскиот град Лисичанск, кој се наоѓа во регионот Луганск, е голем.
Доњецк и Луганск, и двете области дел од источниот украински регион Донбас што граничи со Русија, беа место на бунтот поддржан од Русија кој започна во 2014 година, кога Русија нелегитимно го анектира украинскиот полуостров Крим.
Рускиот претседател Владимир Путин ја призна „независноста“ на Доњецк и Луганск непосредно пред да ја започне војната во Украина на 24 февруари.
Како и Крим, и целиот регион Донбас сè уште е меѓународно признат како украинска територија, а Украинските вооружени сили продолжуваат да се борат за него.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), од почетокот на војната животот го загубиле речиси 4.900 цивили.
Над 15 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, од кои над 8,4 милиони пребегаа во други земји.