Ruslan Rehimov
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
БАКУ (АА) - Војската на Азербејџан на линијата на фронтот со Ерменија уништи одредени позиции на војската на Ерменија коишто биле користени како седишта на војската, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерстото за одбрана на Азербејџан се вели дека поради прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија, војската на Азербејџан синоќа возвратила на нападите.
Во соопштението се вели дека гранатирајќи ги позициите во областа Хоџавенд, која војската на Ерменија ја има окупирано, уништени се одредени позиции на ерменската војска што таа ги користела како штаб.
Министерството за одбрана на Азербејџан ги презентираше и видеоснимките од нападот снимени од воздух. На снимките може да се забележи дека пред да биде погоден штабот, пред имало возила и војници.
Во соопштението се вели дека Ерменија од јавноста крие дека во нападот нема воени жртви и се истакнува дека целосната контрола врз линијата на фронтот е во рацете на војската на Азербејџан.