Ekip
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
БАКУ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска оствари средба со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во главниот азербејџански град Баку, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата меѓу претседателот Иванов и премиерот Јилдирим се одржа во Баку, каде што тие се дел од шестиот Глобален форум на Баку.
Турскиот премиер Јилдирим денес се сретна и со претседателот на Албанија Илир Мета, како и со членот на претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ, кои исто така престојуваат во Азербејџан на Глобалниот форум.