Ruslan Rehimov
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изрази незадоволство поради транспортот на воен товар од Русија на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Азербејџан се наведува дека во синоќешниот разговор Алиев зборувал за судирите на линијата меѓу Ерменија и Азербејџан од 12 до 16 јули.
Алиев го потсети Путин дека во ерменскиот напад загинале азербејџански војници и цивили и дека во огнот отворен кон населбите, кои припаѓаат на Азербејџан, биле уништени многу куќи.
Тој додаде дека вистинската цел на овој напад во Ерменија е да се вовлечат трети страни во судирот меѓу Ерменија и Азербејџан.
Алиев изјави дека откако се завршени судирите од Русија преку Казахстан, Туркменистан и Иран, во Ерменија се испратени повеќе од 400 тони воен товар и дека повикот на Путин е упатен првенствено за да се разјасни оваа ситуација.
Алиев рече дека зголемувањето на транспортот на воениот товар од Русија на Ерменија предизвикува сериозни прашања и загриженост кај азербејџанската заедница.