Ekip
27 Март 2025•Ажурирај: 28 Март 2025
НАЈРОБИ (АА) – Жителите на сиромашниот кварт Кувинда во Најроби, Кенија, организираа акција за собирање на пластичниот отпад во пресрет на Меѓународниот ден на нула отпад, што се одбележува на 30 март, јавува Анадолу.
Овој ден има за цел да ја подигне свеста за значењето на ефикасното управување со отпадот на глобално ниво и да промовира одржливи навики за потрошувачка и производство.
На фотографиите се гледа пластичниот отпад собран од жителите на сиромашниот кварт Кувинда, кој се собира и се полни во вреќи.
Меѓународниот ден на нула отпад беше прогласен со резолуцијата усвоена на Генералното собрание на ОН на 14 декември 2022 година, при што Туркије беше главен поднесувач, а 105 други земји беа коспонзори. Со оваа резолуција, 30 март беше официјално прогласен за Меѓународен ден за подигнување на свеста за важноста на намалување на отпадот.