Ruslan Rehimov
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
БАKУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхан Алијев, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, имаа телефонски разговор во кој разговараа за судирите на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Претседателството на Азербејџан се известува дека Макрон го побарал Алијев, соопштувајќи му дека е вознемирен поради судирите на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, истакнувајќи дека проблемот треба да се реши по пат на преговори.
Од друга страна, Алијев рекол дека администрацијата на Ерменија намерно го нарушува процесот на преговори, потенцирајќи дека изјавата на Никол Пашинјан „Нагорно Кaрабах е Ерменија“ му задала сериозен удар на процесот.
Алијев информираше дека Војската на Ерменија на 27 септември со тешка артилерија ги гранатирала азербејџанските позиции и цивилни населби, предизвикувајќи цивилни и воени жртви, додавајќи дека азербејџанската Војска одговорила со контранапад.
Алијев истакна дека администрацијата на Ерменија е одговорна за ситуацијата.
Во телефонскиот разговор Алијев и Макрон се договориле да контактираат преку дипломатски канали.