Ahmed Asmar
29 Мај 2025•Ажурирај: 30 Мај 2025
АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе ја прогласи Сирија за држава која не го спонзорира тероризмот, изјави денес американскиот пратеник за Сирија, Томас Барак, јавува Анадолу.
Барак, кој денес пристигна во Дамаск, рече дека целта на Трамп е да ѝ даде сила на сегашната влада на Сирија.
Претходно овој месец, американскиот претседател нареди укинување на санкциите врз Сирија.
Американскиот пратеник Барак се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти државната новинска агенција САНА, без да даде детали за содржината на состанокот.