Haydar Karaalp
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
БАГДАД (АА) - Две полициски бригади поврзани со ирачката централна Влада се распоредни во Синџар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во ирачките медиуми, во Синџар пристигнале две сојузни полициски бригади поврзани со Министерството за внатрешни работи.
Ирачката администрација соопшти дека безбедноста на Синџар ќе биде осигурана од централната Влада.
Потпишан е договор меѓу Багдад и Ербил кој вклучува и отстранување на терористичката организација ПКК од Синџар.